Претседателот на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, г-дин Пеце Ташевски и Комесарот за информации на Обединетото Кралство, г-дин Кристофер Грахам, потпишаа и разменија писмо за соработка меѓу двете институции.
Во документот меѓу другото, Канцеларијата на Комесарот за информации изразува подготвеност за поддршка на Комисијата во остварувањето на заедничката цел- обезбедување на потранспарентно и поодговорно општество.
Двете институции, со потпишувањето на писмото се обврзаа секогаш кога е можно взаемно да се поддржуваат и да разменуваат информации, позитивни искуства од праксата и други видови на соработка со цел унапредување на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Иницијативата за потпишување на документот произлезе од неодамнешната работилница во организација на Европската Комисија преку инструментот TAIEX која се одржа во Скопје, а на која учествуваше и претставник од кабинетот на Комесарот за информации на Обединетото Кралство.