Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на овој начин уште еднаш потсетува на обврската на имателите на информации да определат едно или повеќе службени лица кои ќе посредуваат при остварувањето на правото за слободен пристап до информациите кои ги поседуваат, а се од јавен карактер (член 8, став 1-4) од ЗСПИЈК. Според член 9 од истиот Закон, имателите на информациите се должни да објават и листа на информациите кои ги поседуваат и со кои располагаат.
Името и презимето на службеното лице, како и телефонскиот број на кој може да се контактира со него (може е-маил адреса) да биде доставено до Комисијата, а треба да биде наведен и начинот на кој листата е или ќе биде достапна за јавноста (огласна табла, веб -страница или на друг начин).
Молиме за тоа да испратите известување до Комисијата, која работи на ажурирање на списокот на иматели на информации, кој е ставен на веб -страницата:www.sinf.gov.mk
Во спротивно, Комисијата ќе биде принудена да поведе постапка за активирање на казнените одредби (член 39-45) од ЗСПИЈК.
Согласно член 8 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (,,Службен весник на РМ,, бр.13/06), Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, за службени лица кои ќе посредуваат со информации при остварувањето на правото на слободен пристап до информации ги определи:
-Јорданка Стојкова – тел/факс.3115 – 659, 3118-038 и 070 33 74 91;
-Цвета Трајковска – тел/факс 3 115 -659, 3 118 – 038 и 071 23 28 57
-Фатон Сељами – тел. 3 118 – 038