АКАДЕМИЈАВо организација на Академијата за судии и јавни обвинители во соработка со Комисијата за заштита на правото на информации од јавен карактер, денеска во просториите  на Академијата се одржа обука на тема „Слободен пристап до информации од јавен карактер“. Пред поголем број судии и јавни обвинители од сите апелациони подрачја, судии од Управниот и Вишиот управен суд, стручни соработници и лица задолжени за посредување со информациите од јавен карактер од овие институции, Цветан Станоески од Секретаријатот на Комисијата се осврна на најзначајните одредби од Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер.
Низ анализа на досегашните искуства од примената на Законот и  презентација на одделни примери од праксата, беа разјаснети бројни дилеми присутни кај учесниците на обуката, од значење за правилната примена на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.