Претседателот на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер Пеце Ташевски и директорката на Академијата за судии и јавни обвинители Анета Арнаудовска, денеска во Скопје, во просториите на Академијата потпишаа Меморандум за соработка меѓу двете институции. Со овој документ, двете страни се обврзаа да ја развиваат и продлабочуваат соработката поврзана со развојот и имплементацијата на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер.
Во овој контекст, во идинина, заеднички ќе бидат организирани континуирани обуки на судиите и јавните обвинители и на други целни групи за нивно постојано стручно усовршување, како и континуирано одржување на обуки на службените лица кои директно учествуваат во спроведувањето на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и се задолжени за посредување со информации од јавен карактер.
За реализација на обуките и другите активности предвидено е формирање на заеднички тимови на обучувачи, рабoтни групи и слично, кои на овој начин ќе вршат и меѓусебна размена на искуства и знаења. Притоа, обучувачите од редовите на Комисијата ќе имаат за цел да пренесат повеќе практично искуство отколку чисто теоретско познавање.