Од 28-31.08.2006 година во хотелот “Континентал“ во Скопје се одржа обука за членовите на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер и на нејзината Стручната служба. Тренинг програмата се реализирашe со финансиска поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, а ја изведоа Весна Гогова и Климе Бабунски, експерти од невладината ПРО МЕДИА и Вилијам Фероџаро, самостоен истражувач во областа на слободниот пристап до информациите од Вашингтон.
Основната цел на оваа работилница беше членовите на Комисијата и на нејзината Стручна служба задолжени за спроведување на законската легислатива поконкретно да се подготват за задачите што им престојат, а што ќе произлезат од примената на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер што ќе почне од 1 септември оваа година.
Поддржувајќи го овој проект, Претседателот на на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, Јанко Николовски, истакна дека е “бескрајно значењето на правилната примена на овој закон. Од друга страна, од клучно значење за неговата правилна примена е да постојат и да функционираат сите потребни структури и механизми, да бидат усвоени сите подзаконски акти, а службениците одговорни за обезбедување информации да се именувани и правилно обучени“.
Заменик шефот на мисијата на ОБСЕ во Македонија, амбасадорката Наталија Дрозд, подвлече дека “слободниот пристап до информации е од животно значење за вистинската слобода на медиумите и демократското функционирање на државата, бидејќи им дава право на граѓаните да бараат и да добиваат информации од владата, државните и јавните институции.