Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на 7 јули 2006 година во 10 часот, во Клубот на пратеници ќе одржи проширен состанок.
Состанокот има за цел запознавање со функционирањето и првичните резултати од досегашните активности на Комисијата и проектните задачи кои произлегуваат од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер кој ќе почне да се применува од 1 септември 2006 година.
Покани се упатени до претставниците на невладините организации од областа на медиумите и информирањето и претставниците на меѓународните организации и институции со седиште во Република Македонија.
На состанокот се очекува да бидат разменети мислења, консултации и конкретни предлози за соработка со Комисијата пред сe во областа на обуката на стручната служба на Комисијата, потоа обука на имателите на информации од јавен карактер, започнување со активности околу издавачката дејност за барателите на информациите од јавен карактер со подготвување на разновидни водичи, брошури и сл.
Обезбеден е превод од и на англиски јазик.
Состанокот е отворен за јавноста.