Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер во законски предвидениот рок до Собранието на Република Македонија, го достави на усвојување Годишниот извештај за својата работа во календарската 2012 година. Станува збор за седмиот Годишен извештај од донесувањето на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Годишниот извештај, нуди резиме на постигнатото на Комисијата во 2012–та година, на планот на имплементацијата на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, кој во Република Македонија заштитува едно, релативно ново фундаментално човеково и демократско право.