CELEВо организација на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, на 16 и 17 мај, во хотелот „Аурора“ во Берово беше одржана втората по ред  Работилница на тема: „Добро владеење и слободен пристап до информации од јавен карактер“. На работилницата присуствуваа градоначалници, секретари на општини и  раководители на сектори и раководители на одделенија од подрачни единици на Агенцијата за катастар на недвижности и на раководители на одделенија на Управата за имотно-правни работи од Берово, Делчево, Пехчево, Зрновци, Штип, Виница, Кочани, како и  раководители на правни сектори и службени лица за посредување со информации од јавен карактер од неколку државни институции.
Основна цел на обуката беше подигнување на јавната свест и упатување на обврските за имателите на информации кои произлегуваат од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, како и  тренинг обука за комуникациските вештини и учеството на граѓаните во донесување на одлуките.
Тренери на Работилницата беа Цветан Станоески и Макфирете Морина од Секретаријатот на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер и Лирим Далипи од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Во рамки на проектот предвидено е со уште 4 вакви работилници да бидат опфатени погоренаведените целни групи во уште  28 единици на локална самоуправа и во уште 18 државни институции.