Во хотелот „Романтик“ на велешкото езеро „Младост“ , во организација на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, на 22 и 23 мај, беше одржана  Работилница на тема: „Добро владеење и слободен пристап до информации од јавен карактер“. На работилницата присуствуваа градоначалници, секретари на општини и  раководители на сектори и раководители на одделенија од подрачни единици на Агенцијата за катастар на недвижности и на раководители на одделенија на Управата за имотно-правни работи од  Велес, Кавадарци, Неготино, Чашка, Росоман, Градско, Лозово  и Демир Капија, како и претставник  од  Агенцијата за катастар на недвижности- Скопје.
Основната цел на обуката беше подигнување на јавната свест и упатување на обврските за имателите на информации кои произлегуваат од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, како и  тренинг обука за комуникациските вештини и учеството на граѓаните во донесување на одлуките.
Тренери на Работилницата беа стручни лица од Мисијата на ОБСЕ во Скопје и од Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.
Во рамки на проектот, предвидено е да бидат реализирани уште 3 идентитични работилници  со кои ќе бидат опфатени  споменатите целни групи  од  20- тина други единици на локалната  самоуправа во земјата.