Согласно Кварталниот план за обуки, денеска во просториите  на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап информациите од јавен карактер  се одржа едукација на петтата група службени лица задолжени за посредување со информациите од јавен карактер. Седумнаесет службени лица од скопските клиники, но и од други здравствени установи, ја проследија обуката на тема  „Слободен пристап до информации од јавен карактер и практична примена на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер“.