Петнаесетина државни службеници со звање помлади соработници, во рамките на обуката “Системот на јавната администрација и државната служба во Република Македонија“, што во организација на Министерството за информатичко општество и администрација, се одржа денеска во Домот на АРМ, проследија посебна сесија посветена на проблематиката од сферата на слободниот пристап до информациите од јавен карактер.
За таа цел, стручното лице од Секретаријатот на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер Цвета Трајковска, одржа предавање на тема „Слободен пристап до информации од јавен карактер и практична примена на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер“.