Дваесет и четири службени лица за посредување со информации од јавен карактер од повеќе јавни претпријатија од Скопје, денеска присуствуваа на обука на тема  „Слободен пристап до информации од јавен карактер и практична примена на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер“.Согласно  Кварталниот план за едукација на службени лица, обуката во  просториите на Комисијата за заштита на  правото за слободен пристап информациите од јавен карактер, ја реализираа стручните лица од Секретаријатот на Комисијата,  Јорданка Стојкова и Цветан Станоески.

 Притоа, во фокусот на нивните излагања беа подигнувањето на јавната свест и степенот на запознаеност на имателите на информации со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и обврските кои  за нив произлегуваат од него, како и на  начинот на остварување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.
На почетокот посетителите се запознаа со историјатот, развојот на правото на слободен пристап до информации и законската легислатива, а во продолжение подетално беа образложени и постапката по барање информација од јавен карактер, жалбената и прекршочна постапка, како и правилната подготовка на Годишниот извештај, како законска обврска на имателите. Стана збор и за специфични примери на постапување по барања од праксата, при што службените лица изнесоа сопствени мислења за тоа како би постапиле во дадените ситуации.