Финализирањето на ревизијата на Националната програма за усвојување на правото на Европската унија за 2017 година и анализата на имплементацијата на ИПА структурите, како препораки за подготовка на Акцискиот план 2017 година, беа главните теми на Работилницата за ревизија на НПАА 2017, која се одржа од 30.11 до 02.12.2016 година во хотелот „Метропол“ во Охрид.  На овој настан, во активностите на повеќе работни групи, во кои учествуваа над 160 претставници од најрелевантните институции од Република Македонија, свој придонес даде и Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, преку претставникот од Секретаријатот на Комисијата, Цветан Станоески.

Ова е прва организирана средба која е од клучна важност за двете структури, од која се очекува подобрување на процесот на планирање, меѓусебна соработка и насочување на приоритетите на НПАА.