Во конференциската сала на City hall во Скопје се одржа работилница на тема ,,Промоција на двете права –Правото на слободен пристап до информации од јавен карактер и правото на заштита на личните подадоци, во рамки на ИПА проектот „Поддршка за пристап до правото на заштита за лични податоци“  на Дирекцијата за заштита на личните податоци.  slika-od-govorotСтанува збор за спроведување на активноста 8.1 впишана во условите за работа (ТОR); регионални работилници/јавни форуми во однос на баланс помеѓу правото на слободен пристап до информации од јавен карактер и заштитата на личните податоци.
Во воведното излагање, директорот на Дирекцијата за заштита на личните податоци, Горан Трајковски, рече дека двете основни човекови права во земјава се признаени со Уставот и законите.
“Потенцијален конфликт меѓу овие права, најчесто се јавува кога постои барање за пристап до лични податоци кои се чуваат од страна на државните органи“, истакна меѓу другото Трајковски. 
Според него, не постои едноставно и единствено решение како да се прави балансирање на двете права и како да се донесе правилна одлука. „Во повеќето случаи, проблемот може да се ублажи со донесување на јасни дефиниции во системите за законската регулатива, јасни упатства, техники и надзор“, подвлече Трајковски. 
Од името на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, присутните ги поздрави членот Валентина Фидановска, која рече: „ Овој проект, за Комисијата е  од  големо значење,  бидејки  денес  практично ќе се обидеме да разјасниме повеке аспекти да го разгледаме односот меѓу овие две права кои се условно речено блиски но сепак различни“.
„Работилницата на тема „Промоција на  двете права-Правото на слободен пристап до информации од јавен карактер и правото на заштита на личните податоци“, која не собра денеска  овде, е извонредна можност преку размена на искуства и мислења  и  презентација на случаи од практиката, да придонесеме за менување на генералниот впечаток дека правото на приватност и правото на слободен пристап до информации од јавен карактер се поставени едно наспроти друго“ –нагласи Фидановска.
Според неа, Воспоставувањето на балансот меѓу двете права  е едно од најтешките уставно-правни прашања бидејќи не постои генерално решение, туку тоа секогаш треба да се прави одново и одново, односно  да биде од случај до случај.
„Една од алатките на која ние во Комисијата постојано инсистираме е  „тестот на штетност“, кој е задолжителен и е потребно да се спроведе за исклучоците од слободниот пристап, вклучувајќи ги и класифицираните документи и лични податоци. Се друго е слободно и достапно на граѓаните.
Голема предност на нашиот закон е што тој не предвидува,  апсолутни исклучоци или исклучоци што би го избегнале тестот. Тоа значи дека и документ  со највисок степен на класификација,  „ државна тајна„ , е подложен на преиспитување низ тестот на штетност“ истакна Фидановска.
Свои презентации пред присутните имаа Петер Базус, претставник на Унгарската национална дирекција за заштита на личните податоци и слобода на информации, Јернеј Ровшек, клучен експерт од правната област на Проектот и поранешен Заменик народен правобранител на Република Словенија, пренесувајќи искуства и примери од постапувања по двете законски загарантирани права во нивните земји.
Претставувајќи ги практиките во областа на заштитата на слободниот пристап до информации од јавен карактер и заштитата на личните податоци во Република Македонија, пред 30-та присутни поканети гости, претставници на Европската унија, Секретаријатот за европски прашања на Владата на Република Македонија и од повеќе значајни институции во земјата, со свои презентации настапија претставниците од двете домашни институции – Мануела Станоевска Стоилковска (ДЗЛП), Цветан Станоески (КОМСПИ), Јорданка Стојкова (КОМСПИ) и Марјана Планојевиќ (ДЗЛП).
Со проектните активности е предвидено да се одржат уште две тркалезни маси во Република Македонија (за западниот и за источниот дел од земјата
). За наредниот период се планира и изработка на единствено Упатство за остварување на двете права, како и реализација на пет обуки/работилници, посветени на презентирањето на двете човекови права.