Во организација на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, а во соработка со Дирекцијата за заштита на лични податоци и Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер, денеска во просториите на Академијата се одржа советување на тема „Заштита на лични податоци и слободен пристап до информации од јавен карактер“.
На советувањето присуствуваа 46 офицери за заштита на лични податоци и службени лица кои постапуваат по барањата за слободен пристап до информации од јавен карактер, од судовите и обвинителствата од сите апелациони подрачја.
Во рамките на советувањето, свои излагања имаа претставниците од Дирекција за заштита на лични податоци Добринка Борисовска Господинова и Билјана Волческа, како и стручните лица од Секретаријатот на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер Цвета Трајковска и Јорданка Стојкова.