10818877_930919763592605_1169624474_nОпштина Куманово денеска беше домаќин на студенти и средношколци кои наставата ја посетуваат во образовните институции кои се наоѓаат на територијата на оваа општина.
Настанот беше организиран по иницијатива од Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, во рамките на заедничкиот овогодишен проект кој предвидува реализација на повеќе еднодневни Работилници на тема: „Граѓанско запознавање со донесувањето одлуки на локално ниво и остварување на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер“. Овие редби кои имаат едукативен карактер, се реалзираат во коорганизација со општините – универзитетски и други образовни центри во Република Македонија.
Студенти и средношколци во Куманово непосредно се запознаа со начинот на реализирање на надлежностите на Општината, како и со заложбите на организаторите за подигнување на свеста и степенот на запознаеност со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно со обврските за имателите на информации кои произлегуваат од него.. Притоа, Цветан Станоески и Макфирете Морина, стручни лица од Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, ги запознаа присутните со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и со можностите кои произлегуваат од него.
Во функција на потемелно запознавање со наведеното човеково право, утврдено во Уставот на Република Македонија, на присутните им беа поделени постери, флаери и брошури „До информација“, кои се резултат на повеќегодишната соработка меѓу Комисијата и Мисијата на ОБСЕ во Скопје и примероци од брошурата насловена „Ти имаш право да знаеш“, производ на Европското здружение на студентите по право во Република Македонија – ЕЛСА во рамките на USAID проектот за јакнење на судството, стручно помогнат од страна на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.
Споменатиот циклус работилници ќе продолжи на 10 декември во Општина Тетово, а ќе финализира со средба на 12 декември во Град Скопје.