SSПретставници на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Република Македонија, денеска, ја посетија Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер и се запознаа со нејзиното работење.
Г-ѓа Џесика Џон, политички службеник во Американската амбасада, во разговорот со Претседателот на Комисијата, Пеце Ташевски, истакна дека досегашните резултати на Комисијата се за респект и дека во интерес на остварувањето на едно од основните човекови фундаментални права е натамошната размена на искуствата меѓу двете земји во оваа сфера, како и пошироката и посеопфатна промоција на правото за слободен пристап во Република Македонија.