УПРАВА 1УПРАВА 2Согласно утврдениот годишен план и програма, денеска во просториите на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, се одржа првата од четирите планирани обуки за службени лица во месец март.
   Со обуката на тема: „Правото на слободен пристап до информации од јавен карактер“, беа опфатени лица задолжени за посредување со информациите од јавен карактер со кои располагаат државните институции, а ја реализираа предавачи од Секретаријатот на Комисијата. Државните институции се субјекти кои од почетокот на имплементацијата на Законот се соочуваат со најголем број на примени барања, па оттаму подигнувањето на степенот на запознаеност и информираност на  службените лица за проблематиката која ја третира ЗСПИЈК, може да биде од драгоцено значење за поуспешно реализирање на обврските кои произлегуваат од него, беше потенцирано на средбата.
   Присутните беа запознаени со историјатот и развојот на правото на слободен пристап до информации во Македонија, како и со одредбите на Законот, со што службените лица ги продлабочија сопствените знаења и за постапката по барање информација од јавен карактер, жалбената и прекршочната постапка, како и за обврската на имателите на информации да подготват Годишен извештај.  Со проактивно учество на присутните, беа разгледани и неколку досегашни примери од барања што биле упатени на адреса на државните институции.