Заменик претседателот Блерим Исени и членот на Комисијата, Катерина Димеска, присуствуваа на форумот за јавни политики „Следење и анализа на заканите од корупција и организиран криминал“, што се одржа во организација на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).
На форумот беше презентиран сеопфатен извештај за следење на заканите од корупција и организиран криминал во Република Македонија, како и второто издание на документите за јавни политики за следење на врската меѓу корупцијата и организираниот криминал.
Овие документи се подготвени во рамките на Проектот „Борба против корупција и организиран криминал-АД АКТА„ од страна на МЦМС и експерти од Центарот за изучување на демократија од Бугарија, а со финансиска поддршка од Европската Унија.