Членот на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер Катерина Димеска, на покана на Центарот за граѓански комуникации, на 27 ноември 2015 година во Белград учествуваше на Регионалната конференција за јавни набавки. Конференцијата се одржа во рамките на регионалниот ЕУ проект „Кон ефикасни механизми за јавни набавки во земјите (потенцијални) кандидати за членство во ЕУ“.Освен Центарот за граѓански комуникации од Република Македонија, во реализацијата на на проектот работат уште пет други невладини организации и здруженија од Србија, Црна Гора, Босна и Хецеговина и од Словачка. На конференцијата учествуваа и претставници од споменатите земји ангажирани на планот на (јавните набавки, за жалби, договорни органи, ревизорски институции, комори и слично).
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер и Центарот за граѓански комуникации соработуваат на планот на слободниот пристап до информации од јавен карактер, пред се кога станува збор за јавните набавки.