На 25 ноември, со почеток во 10 часот, во хотелот „Стоун Бриџ„ во Скопје, ќе се одржи меѓународна Конференција за стратешки пристап до Развојот на механизмите за заштита на личните податоци. Конференцијата ќе се одржи во организација на Дирекцијата за заштита на личните податоци со поддршка од Делегацијата на Европската Унија и проектниот тим на ИПА 2008 проектот „Поддршка во подготовка на стратешки документи и соодветни акциски планови, вклучувајќи и истражување за свеста на медиумите за подобрена имплементација на правото на заштита на личните податоци„.
Една од посебните теми на интерес во рамките на предвидената тркалезната маса на Конференцијата ќе биде „Правото на заштита на личните податоци и правото на слободен пристап до информации од јавен карактер„ и на неа активно ќе учествува претставник од Секретаријатот на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.