Од 8 до 10 март на Студиите за комуникации при Универзитетот Њујорк во Скопје, ќе се одржи првата меѓународна конференција на тема „Локалните медиуми во транзиција – случаи во Југоисточна Европа 1990 – 2007„. Во рамките на петтата сесија на Конференцијата на која ќе стане збор за примената на правото за слободен пристап до информации за учество е поканет и претседателот на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, Јанко Николовски.
Во обраќањето предвидено за 9 март, тој се очекува да се осврне на историјатот на ЗСПИЈК и на Комисијата, на корелацијата меѓу имателите и барателите на информации и Комисијата за СПИЈК, како и на првите искуства од примената на Законот во Македонија.
Во работата на тридневната меѓународна конференција во Скопје ќе партиципираат новинари и работници од сферата на медиумите од Франција, САД, Грција, Германија Србија, Албанија Турција и од земјата домаќин Македонија.