Раководителот на одделение во Секретаријатот на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер Жорж Поповски и помладиот соработник Оливер Серафимовски, учествуваа на Единаесеттата меѓународна конференција е-Општество.Мк „Слобода и приватност на интернет“. Конференцијата чии организатори беа Фондацијата Метаморфозис и Меѓународниот Институт за човекови права и мир од Каен, се спроведува во рамките на повеќегодишниот проект „Децентрализирана соработка помеѓу регионот Долна Нормандија и Република Македонија“.

23630349816_3dc145ca82_k-1-1024x683
Конференцијата опфати теми како што се човековите права како основа на современото општество, слобода на изразување, говор на омраза на интернет и приватност. Од аспект на информирањето, интернетот, вклучително твитерот, фејсбукот и останатите социјални мрежи, полека но сигурно ги ставаат во втор план традиоционалните медиуми- весниците и телевизиите, беше заклучено на Конференцијата. Новите технологии на едноставен и лесен начин овозможуваат дијалог и пристап до бројни информации, но во себе кријат и ризик кога станува збор за слободата на изразување и заштитата на приватноста. Во ова смисла беше спомнато дека иако не така често и Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер, кој се употребува пред се во истражувачкото новинарство и проактивната транспарентност, се можност за доаѓање до што повеќе информации.
Поради ова, потребно е создавање услови интернетот да биде квалитетен и кредибилен извор на информации, ослободен од говорот на омраза за да можат граѓаните да имаат приватност, но и квалитетно да се информираат, да можат да носат одлуки во нивен интерес и да учествуваат во креирањето на политиките и во јавната сфера.