Претседателот на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, Пеце Ташевски, учествуваше во работата на вториот состанок на Меѓуресорското тело за човекови права, што се одржа во Министерството за надворешни работи на Република Македонија.
На состанокот на кој присуствуваа државни секретари од неколку министерства, како и раководители на повеќе дирекции, агенции, заводи, комисии и други државни тела, беа конкретизирани обврските кои произлегуваат од Заедничкиот основен документ на Република Македонија по конвенциите за човекови права на ОН.