Претставник од Секретаријатот на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, активно учествуваше во реализацијата на обуката „Системот на јавната администрација и државна служба во Република Македонија“, што денеска се одржа во Домот на АРМ во Скопје. Работилницата која Министерството за информатичко општество и администрација ја спроведе согласно Годишната програма за генеричка обука, беше наменета за стручни државни службеници вработени во текот на 2011 година, а имаше за цел запознавање на нововработените лица со целокупниот систем на државната служба во Република Македонија.
Преку power point презентација, обучувачот од Комисијата детално ги запозна присутните со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.