Со работилницата која се одржа на 6 и 7 јуни во хотелот „Климетица“ во Охрид на тема: „Остварување на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер, граѓанско учество во донесување одлуки и комуникациски вештини“ , беше заокружен заедничкиот проект на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер. Со проектот беа опфатени 27 општини во Република Македонија со мешан етнички состав, застапени со околу 80 претставници од Здруженија на граѓани и фондации, од медиуми, како и службени лица и советници од единиците на локалната самоуправа.
Учесниците на работилниците се стекнаа со знаења за начинот на остварување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, како и за комуникациските вештини и учеството на граѓаните во донесување на одлуките. Посетителите, чија интерактивност беше на високо ниво, ја оправдаа основната цел на работилниците – подигнување на јавната свест и степенот на запознаеност на имателите на информации со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и правата и обврските кои произлегуваат од него. Според нивните мислења, искажани во прашалниците за евалуација, работилниците ги исполниле нивните очекувања, ги зголемиле нивните знаења, истите се корисни за нивната работа и ќе ги препорачаат на нивните колеги.
Тренери на работилниците беа стручни лица од Мисијата на ОБСЕ во Скопје и од Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.
Соработката меѓу Комисијата и ОБСЕ ќе продолжи и во наредниот период преку заедничко организирање на тркалезни маси и расправи на горенаведените теми.