Во организација на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер и Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА),  денеска во просториите на Комисијата се одржа вториот консултативен состанок во функција на прецизирање на предлозите  по мерките од Акцискиот план за отворено владино партнерство 2014-2016 година.
На состанокот, покрај претставниците на Комисијата и МИОА,   со свои конкретни предлози и сугестии активно  учествуваа претставници од Министерството за правда, од Центарот за граѓански комуникации,  Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Р.М.-ЕСЕ,  Хелсиншкиот комитет за човекови права на Р.М.,  како и од  Фондацијата отворено општество  Македонија.
Комисијата преку овие консултативни средби дава активен придонес кон зајакнување и подобро имплементирање на мерките за слободен пристап до информации и отвореност на локално ниво, а воедно ја продлабочува соработката со невладиниот сектор, кој исто така е активен учесник и имплементатор во реализацијата на Акцискиот план , а воедно и на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.