На работилницата присуствуваа претставници на општини и раководители на сектори и на одделенија од подрачни единици на Агенцијата за катастар на недвижности, раководители на одделенија на Управата за имотно-правни работи од Градско, Аеродром, Кисела Вода, Чаир, Струга, како и раководители на правни сектори и службени лица за посредување со информации од јавен карактер од неколку државни институции.
УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАНИ ПРЕДВИДЕНИТЕ РАБОТИЛНИЦИ
Основна цел на обуката беше подигнување на јавната свест и упатување на обврските за имателите на информации кои произлегуваат од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, како и тренинг обука за комуникациските вештини и учеството на граѓаните во донесување на одлуките.
Тренери на Работилницата беа Цветан Станоески и Макфирете Морина од Секретаријатот на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер и Лирим Далипи од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Во рамките на проектот кој се реализира согласно потпишаниот Меморандум за соработка меѓу ОБСЕ и Комисијата, почнувајќи од септември, па до крајот на оваа година, предвидено е одржување и на три еднодневни тркалезни маси, на кои ќе бидат поканети околу 100 одговорни лица кај исто толку иматели на информации од Република Македонија.