Собранието на Република Македонија на продолжението на 29-та седница одржано на петти  јули 2012 година,  со 54 гласови „за“ и  15 „против“, го усвои Годишниот извештај за работата на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер од 1 јануари до 31 декември 2011 година.