Почитувани,
Согласно надлежностите кои произлегуваат од Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер (член 37), имателите на информации од јавен карактер имаат законска обврска да подготват Годишен извештај за спроведување на ЗСПИЈК за календарската 2015 година и истиот да го достават до Комисијата, до 31 јануари 2016 година.
Овие извештаи ќе бидат составен дел на Годишниот извештај за спроведување на ЗСПИЈК, кој Комисијата го изготвува и доставува до Собранието на Република Македонија.
ОБРАЗЕЦОТ НА ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ Е ПОСТАВЕН ВО ЛИНКОТ-ДОКУМЕНТИ НА ВЕБ СТРАНАТА НА КОМИСИЈАТА (www.komspi.mk) И ИСТИОТ МОЖЕ ДА СЕ ОТПЕЧАТИ.
На одговорното лице кое нема да подготви Годишен извештај и истиот нема да го достави до Комисијата во законскиот рок, ќе му се изрече глоба во износ од 500 до 800 евра во денарска противвредност согласно со член 33 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Сл.весник на РМ„ бр.6/2010), која Комисијата ќе ја реализира преку поведување на прекршочна постапка.
Во прилог на Годишниот извешај, одговорното лице во онаа институција чие службено лице за посредување со информациите од јавен карактер е сменето или од најразлични причини веќе не ја извршува оваа законска обврска, е должно со Акт (Решение) да назначи друго службено лице и податоците да ги достави до Комисијата. Во Годишниот извештај одговорното лице, исто така е должно да достави прецизни податоци за евентуално извршена промена на адресата, контакт телефоните, e-mail и друго.
За регуларни ќе се сметаат единствено извештаите кои потпишани од одговорното лице, ќе бидат парафирани и со печат на институцијата, а ќе бидат доставени во законскиот рок до 31 јануари 2016 година. Годишните извештаи може да се доставуваат до Комисијата по пошта (на адреса: бул.„Гоце Делчев„ бр.18), или e-mail: komspi@komspi.mk (во скенирана верзија), но само во една од понудените варијанти!!!
За сите дополнителни прашања или нејаснотии околу подготовката на Извештајот, ќе можете да се консултирате со лицата Жорж Поповски и Оливер Серафимовски на тел. 02/3118 038