КапацитетиВо организација на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, на 18 јули 2012 година, се одржа тркалезна маса на тема: „ Изградба на капацитетот на локалната самоуправа “.
На тркалезната маса учествуваа претставници од ОБСЕ, ЗЕЛС, општини, НВО… и од Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер Катерина Димеска, член на Комисијата, Цветан Станоески, советник во Секретаријатот на Комисијата, Макфирете Морина, соработник во Секретаријатот на Комисијата.
Целта на тркалезната маса е заокружување на одржуваните обуки во локалната самоуправа организирани од ОБСЕ во 2011 година, постигнатите резултати и донесените заклучоци за истите.
Тркалезната маса беше поделена на две сесии, на првата сесија обраќање имаа: Н.Е. Ралф Брет, Шеф на мисијата на ОБСЕ во Скопје, Г-дин Невзат Бејта, Министер за локална самоупрва, Г-дин Јахи Јахија, Државен секретар за информатичко општество и администрација, Г-дин Коце Трајановски, Претседател на ЗЕЛС, со теми: Процесот на децентрализација и изградба на капацитети во локалната самоуправа; Перспективите на Владата за функционирање на националната институција за обука на локалната самоуправа; и Постигнувања и предизвиците на ЗЕЛС во изградба на капацитетите на локалните власти.
На втората сесија тркалезната маса се развиваше на темите: „Извештај на Мисијата на ОБСЕ во Скопје за процена на влијанието на обуката за 2011“,  „Активностите за обука на ЗЕЛС“, „Размислувањата на избраните функционери за изградбата на капацитетите на членовите на општинските совети“, „Вклученост на граѓанскиот сектор во работата на локалната самоуправа“ и дискусија за истите.
Претсатвниците на Комисијата се вклучија во дискусијата за Иднината на активностите за изградба на капацитетите во локалната самоуправа,  расправата за Извештајот на ОБСЕ за проценка на влијанието на обуките, Активностите за обуки на ЗЕЛС, Размислувањата на избраните функционери за изградба на капацитетите на членовите на општинските совети и Вклученоста на граѓанскиот сектор во работата на локалната самоуправа. Тие ја истакнаа улогана на Комисијата во организирањето и одржувањето на 4 работилници (мај-јуни 2012, заедно со ОБСЕ) во кои беа опфатени над 80 претставници на локалната власт од 27 општини во Република Македонија, искажувајќи задоволство од постигнатото на истите. Тристрано (Комисија + ОБСЕ+локална самоуправа) е покрај задоволството од досега извршените обуки (работилници) и пројавување на интерес за организирање нови работилници кои ќе ги опфатат и другите општини во Република Македонија, односно продолжување на соработката со заеднички проекти на Комисијата, ОБСЕ, со евентуално приклучување на ЗЕЛС.