Во рамките на воспоставената сорабока меѓу Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, денеска во мотелот „Игнатија“ во Гостивар, се одржа Тркалезна маса на тема „Примена на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер“. На тркалезната маса присуствуваа над 20 претставници (претседавачи на совети, советници и службени лица за посредување со информациите од јавен карактер) од општините Гостивар, Демир Хисар, Новаци, Теарце, Боговиње и Врапчиште.