Исклучоците мораат да бидат јасно и тесно одредени и строго определени според “штета“ и “јавен интерес“. Одбивањето на пристап до информациите нема да биде оправдано доколку јавната власт не докаже дека информацијата го поминала троделениот тест.
Tест во три дела
а) Информацијата мора да е во однос со легитимната цел наведена во законот (значи исклучокот мора да бие заснован на закон).
б) Ако со пристапот се овозможува суштинската штета за таа цел.
в) Штетата што би се нанела на целта мора да биде поголема од јавниот интерес да ја има таа информација.
Целосната листа на легитимните цели што можат да ја оправдаат затвореноста мора да биде предвидена со закон. Се на се, основниот акцент на овој принцип ни укажува дека бројот на исклучоците и во прописите и особено во практиката мора да биде занемарлив и строго резервиран. Сугестијата што мора да живее во мислите на сите институции и личности со јавни овластувања е: “ не барајте исклучоци во секој случај и по секаква цена!“