Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер во соработка со Македонската радио телевизија, подготви телевизиски спот во траење од 45 секунди, кој се емитува секојдевно во два термина на првиот и вториот канал на Јавниот радиодифузен сервис.
Спотот е снимен двојазично, на македонски и албански јазик, а неговата цел е промоција на правото на слободниот пристап до информациите од јавен карактер.