Заменик претседателот на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер (КЗСПИЈК), Блерим Исени, членот Валентина Фидановска и раководителот на одделение во Секретаријатот, Цвета Трајковска, денеска остварија работна посета на Приватната Високообразовна Установа за Бизнис Студии Еуро Колеџ – Куманово.
eurokoleg_cvetaПритоа, пред студенти од сите студиски години од оваа високообразовна институција, беше презентиран Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, со цел подигнување на јавната свест и степенот на запознаеност на студентите со можностите кои произлегуваат од него.
Претходно, претседателот  на Комисијата Пеце Ташевски и деканот на Еуро Колеџ, Куманово, Љубиша Петрушевски, потпишаа Меморандум за соработка меѓу двете институции. Двете потписнички страни, меѓу другото, се обврзаа во рамките на својата примарна дејност, заеднички да делуваат и да соработуваат во насока на одржување на обуки за студентите, како и на нивно запознавање со можноста за користење на алатката за пристап до информации од јавен карактер.

 На презентација на ЗСПИЈК пред студенти и запознавање со правото на пристап до информациите кои ги создале или со кои располагаат имателите на информации во Република Македонија, во иднина Комисијата ќе работи  и во други високообразовни институции и универзитетски центри во земјава.