Во организација на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап информациите од јавен карактер и Академијата за судии и јавни обвинители,  советувањето се одржа во просториите на Академијата, а предавачи беа стручните лица од Секретаријатот на Комисијата Јорданка Стојкова и Цвета Трајковска.
Целта на советувањето беше запознавање на имателите на информации со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и обврските за имателите на информации кои произлегуваат од него, како и начинот на остварување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.