Во организација на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап информациите од јавен карактер и Академијата за судии и јавни обвинители, на први ноември, 2013 година, со почеток во десет часот, во просториите на Академијата, ќе се одржи советување на тема „Практична примена на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер”.
Предавачи ќе бидат стручните лица од Секретаријатот на Комисијата Јорданка Стојкова и Цвета Трајковска, а советувањето е наменето за службените лица за посредување со информации од јавен карактер од Основните и Вишите јавни обвинителства и од Основните и Апелационите судови.
Целта на советувањето е запознавање на имателите на информации со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и обврските за имателите на информации кои произлегуваат од него, како и начинот на остварување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.
Советувањето е всушност натамошна реализација во пракса на заложбата на двете институции за развивање и продлабочување на меѓусебната соработка поврзана со развојот и имплементацијата на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер.