Стручните лица од Секретаријатот на Комисијата Јорданка Стојкова и Макфирете Морина, акцентот во своите излагања го ставија на подигнувањето на јавната свест и степенот на запознаеност на имателите на информации со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и обврските кои за нив произлегуваат од него, како и на начинот на остварување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.
Освен со историјатот, развојот на правото на слободен пристап до информации и законската легислатива, посетителите на обуката подетално се запознаа и со постапката по барање информација од јавен карактер, со текот на жалбената и прекршочна постапка, како и со подготовката на Годишниот извештај, како законска обврска на имателите. За време на обуката беа анализирани и примери од праксата, при што службените лица изнесуваа свои гледишта и ставови за тоа како би постапиле во дадените ситуации.