На 30 октомври (четврток), со почеток во 09.00 часот, во просториите на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер (зграда на Македонската радиотелевизија, 14 кат), ќе се одржи обука на на тема: „Правото на слободен пристап до информации од јавен карактер“. Обуката е наменета за едукација на службените лица од државните инспекторати, но и од други институции, а ќе ја реализираат стручните лица од Секретаријатот на Комисијата, Јорданка Стојкова и Цвета Трајковска.
Целта на обуката е подигнување на јавната свест и степенот на запознаеност на имателите на информации со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и обврските за имателите на информации кои произлегуваат од него, како и начинот на остварување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.