COOKIE2Во рамките на наставна програма на Државниот универзитет во Тетово, група студенти од Правниот факултет денес остварија посета на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.
   Предавачи од Секретаријатот на Комисијата ги запознаа студентите со работата на Комисијата, односно со досегашната примена на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер во Република Македонија.
   Оваа своевидна работилница беше изведена во рамките на предавањата по предметот Правда и внатрешни работи на ЕУ, при што службените лица од Комисијата, освен извршената мини обука околу примената на наведениот Закон, на Факултетот му понудија натамошна соработка и давање стручна помош од областа на слободниот пристап до информации.