Делегација составена од експерти на Оценската мисија СИГМА, предводена од г-дин Симон Џејмс, денеска ја посети Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер. Целта на посетата на Мисијата, која на својата тридневна агенда ги имаше и Кабинетот на претседателот на Владата на Република Македонија, Генералниот секретаријат на Владата и неколку министерства беше, преку дијалог, на работно ниво, да се запознае со состојбата на оценуваните институции, која потоа ќе и биде доставена на Европската комисија, односно ќе биде составен дел од нејзиниот Извештај кој Република Македонија треба да го очекува кон крајот на месец мај.
По деталниот приказ на шестгодишното работење на Комисијата, презентиран од страна на Претседателот на Комисијата, Пеце Ташевски, како и од претходно добиените пишани статистички и други материјали подготвени од страна на Секретаријатот на Комисијата, лидерот на Оценската мисија СИГМА, г-дин Симон Џејмс се заблагодари на неочекуваниот сеопфатен извештај и накратко изјави : „Ме оставивте без прашања!“.
Во рамките на наведената посета од експертите на СИГМА, меѓу другото, беше договорено Комисијата во текот на оваа година да им излезе во пресрет и, преку пренесување на своите искуства, да им помогне на сродните новоформирани (или во фаза на формирање) институции во соседните земји и во регионот.