Во организација на Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, а во рамките на Граѓанската платформа на Македонија, на четврти јули годинава во Клубот на пратениците во Скопје се одржа еднодневен тематски форум во функција на набљудувањето на работата на државните и локалните власти.
Во рамките на богатата агенда на форумот се одржа и посебна сесија посветена на мониторингот на спроведувањето на Законот за слободен пристап до информации, на која присуствуваа и членови на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на Република Македонија.
Свои искуства и механизими за мониторирање во оваа сфера исто така изнесоа и претставници од институциите на централно и локално ниво, членките на Граѓанската платформа на Македонија, граѓански организации и на медиуми.