Во Академијата за судии и јавни обвинители во Скопје, денеска се одржа Семинар на тема: „Слободен пристап до информациите од јавен карактер, заштита на личните податоци“, наменет за судски и јавнообвинителски службеници од апелационите подрачја Скопје, Гостивар и Штип.
На темата „Национално право на слободен пристап до информации од јавен карактер, досегашни искуства од примената“, говореше Цветан Станоески од Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.
Д-р Добринка Борисовска Господинова од Дирекцијата за заштита на личните податоци се осврна на „Заштитата на личните податоци, во Република Македонија и пристапот до судските одлуки и објавувањето на судските пресуди на интернет“.