Во петок (11 ноември 2011 година) со почеток во 10.00 часот, во Академијата за судии и јавни обвинители во Скопје, ќе се одржи Семинар на тема: „Примена на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер“.
Загорка Тноковска судија од Вишиот Управен суд ќе има излагање на тема “Презентација на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер“, додека Цветан Станоески, советник во Секретаријатот на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер, ќе се осврне на “Практичната примена на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер“. Директорот на Дирекцијата за заштита на личните податоци, Димитар Ѓеорѓиевски ќе говори за “Правото на заштита на личните податоци во судството“. Обуката е наменета за претседатели на судови и судски соработници кои работат на соодветната материја. |