Денеска во Академијата за судии и јавни обвинители во Скопје, се одржа Семинар на тема:„Слободен пристап до информациите од јавен карактер и заштита на личните податоци“, на кој присуствуваа претседатели и судии од апелационите судови, од основните судови и од основните јавни обвинителства од Република Македонија.
Законската рамка на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, во корелација со правото за заштита на личните податоци ја претстави доц. д-р Искра Акимовска Малетиќ, професор на Факултетот за безбедност, Скопје.
На темата „Национално право на слободен пристап до информации од јавен карактер, досегашни искуства од примената“, говореше Цветан Станоески од Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.
Д-р Добринка Борисовска Господинова од Дирекцијата за заштита на личните податоци се осврна на националното право за заштита на личните податоци, со посебен акцент на заштитата на правото на личните податоци и медиумите, како и на пристапот до судските одлуки и правото на анонимност, односно објавувањето на судските пресуди на интернет.