– ги координира активностите и дава стручна логистичка поддршка во врска со подготвувањето и оддржувањето на седниците на Генералниот колегиум на државни секркетари и на седниците на Владата;
– го следи степенот и начинот на реализацијата на Заклучоците на Владата;
– соработува со министерствата и другите органи на државната управа во врска со материјалите и актите доставени за разгледување и донесување од страна на Владата;
– врши стручни работи кои произлегуваат од односите на Владата со Собранието на Република Македонија и Претседателот на Република Македонија и другите органи и организации;
– врши и други стручни и организациони работи што произлегуваат од работата на Владата – редакција на записниците и актите на Владата, како и доставување заради објавување на актите на Владата во „Службен весник на Република Македонија”.