– се грижи за координација на активностите и имплементација на обврските преземени од Република Македонија со аранжманите на релевантните финансиски институции и економски организации и институции (јавни и приватни);
– обезбедува стручна поддршка, врши анализа и подготвува мислења и материјали и иницира предлози за измена или донесување на акти за потребите на Заменик на Претседателот на Владата на Република Македонија за економски прашања (во натамошниот текст: ЗПВРМ за економски прашања), кој ги координира економските реформи и го информира за прашања во надлежност на Секторот;
– врши координација на имплементацијата и следење на регулаторната реформа-гилотина на прописите;
– врши координација и следење на процесот на проценка на влијанијата на законската регулатива врз деловниот сектор;
– соработува со министерствата, Секретаријатот за законодавство и други институции по прашања поврзани со регулаторната реформа и дава насоки за нејзина имплементација;
– соработува со Канцеларијата на Претседателот на Владата по прашања од областа на економските реформи;
– обезбедува комуникација со домашната и меѓународната бизнис заедница, синдикатите и невладините организации околу остварување на стратегиските приоритети на Владата од економската област;
– за потребите на Претседателот на Владата и Владата дава стручна и логистичка поддршка во однос на стратегиското планирање од областа на економските реформи;
– остварува соработка со секторите на Генералниот секретаријат на Владата, со министерствата и другите органи на државната управа, како и со релевантните меѓународни, економски и финансиски институции;
– дава стручна и логистичка поддршка на Економскиот совет и
– подготвува годишен извештај за своето работење;