– се грижи актите и материјалите кои се доставуваат до Владата и нејзините работни тела да се конзистентни засновани врз разработени и квалитетни анализи;
– соработува и врши координација со министерствата во разрешувањето на одделни прашања од стратешки карактер за кои имаат различни мислења и ставови, а заради надминување на последиците врз утврдената политика и нивното влијание врз Стратешките приоритети на Владата;
– се грижи за навремено подготвување на седниците на работните тела и стручните тела на Владата –Правниот и Економскиот совет и изготвување на извештаи, записници од нивната работа;
– го следи, координира и ажурира спроведувањето на Стратегијата за реформа на јавната администрација на Република Македонија;
– остварува соработка со организациите и институциите на невладиниот сектор.