– Секретаријатот дава поддршка на Владата во реализацијата на стратешкиот приоритет поврзан со обврските кои произлегуваат од Рамковниот договор, а особено за обезбедување на правичната и соодветната застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници во органите на државната власт и другите јавни институции;
– го следи процесот на децентрализација преку Акциониот план за децентрализација и реформа во јавната администрација и во другите области кој посредно или непосредно се поврзани со спроведувањето на Рамковниот договор;
– изработува Акционен план за подготвување на проекти од Рамковниот договор и координација на неговото спроведување и нивното следење;
– дава поддршка на работните тела вклучени во процесот на реализација на обврските кои произлегуваат од спроведувањето на Рамковниот договор;
-работи на обезбедувањето на потребните човечки ресурси за реализирање на процесот на спроведувањето на Рамковниот договор.

Подетални информации можете да добиете на телефонот: 02 3118 -022 локал 140 и локал 298.