Министерството за одбрана ги врши работите што се однесуваат на:
– остварувањето на системот на одбраната на независноста и територијалниот интегритет на Република Македонија;
– планирањето, организацијата, опремувањето, развојот и подготвувањето на Армијата на Република Македонија и спроведувањето на утврдените планови;
– организирањето и подготвувањето за одбрана и за цивилна заштита;
– организирањето и спроведување на обуката за одбрана;
– организирањето и подготвувањето на набљудување и известување, врски за раководење и криптозаштита;
– надзорот од негова надлежност и
– врши други работи утврдени со закон.

Подетални информации можете да добиете на телефонот: 02 3282-043